Ѓоковиќ емотивно му честиташе на Зверев: Те познавам уште од кога имаше десет години…
Александар Зверев вчера со победата на Ролан Гарос го освои својот прв грен-слем трофеј во кариерата, по што доби емотивна честитка од Новак Ѓоковиќ, кој се огласи на социјалните мрежи со порака посветена на нивното долгогодишно пријателство.
Препорачано
Ѓоковиќ сподели заедничка фотографија од теренот, придружена со емотивна порака потсетувајќи на нивните тениски почетоци уште во детството.
„Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Ти се бореше на тренинг-терените со мојот најмлад брат, додека јас се натпреварував против твојот постар брат, Миша, на големата сцена и во јуниорска и во професионална конкуренција. Со години имаме однос на почит и пријателство со целото твое семејство. Имавме безброј разговори за тениска тактика, стратешка игра, живот, семејство и бизнис. Се забавувавме и на терен и надвор од него.
Знаејќи низ што мораше да поминуваш со твојата болест уште од млада возраст, надминувајќи ја најголемата ментална пречка во себе и замолчувајќи ги критичарите кои мислеа дека никогаш нема да освоиш грен-слем, овој триумф го прави уште посебен и понезаборавен. Глетката на солзите радосници што ги имаше заедно со твоите родители, братот и останатите членови на тимот ме направи емотивен. Среќен сум што успеа и апсолутно го заслужуваш овој успех, затоа што толку многу работеше на секој план за да го оствариш. Уживај во моментот“, порача Ѓоковиќ.
Зверев во текот на кариерата се соочи со дијабетес кој му беше дијагностициран уште во младоста, но тоа не го спречи долго време да се натпреварува на највисоко ниво, а сега да дојде и до својот најголем успех.
View this post on Instagram


