Талеј Рајли / Фото: Profimedia

Трагедија во Лондон — брутално e убиен наградуваниот автор на многу светски хитови, имаше само 36 години

Британскиот пејач и текстописец Талaj Рајли, добитник на престижната музичка награда „Греми“ и автор на бројни светски хитови, почина на 36-годишна возраст откако беше жртва на напад со нож во источен Лондон, објави Би-би-си.

Рајли, чие вистинско име е Марк Орабии, бил пронајден со повеќе убодни рани во градина во населбата Силвертаун. Итно бил пренесен во болница, но подоцна починал.

Во истиот инцидент било тешко повредено и дваесетгодишно момче, кое е хоспитализирано и е надвор од животна опасност.

Лондонската полиција соопшти дека во врска со случајот биле приведени тројца осомничени. Двајца од нив подоцна биле ослободени без обвинение, додека третиот е пуштен со кауција. Истрагата продолжува.

Детективката Џоана Јорк од Метрополитен полицијата упати апел до граѓаните кои се нашле во близина на местото на настанот да се јават кај истражните органи.

„Нашата истрага продолжува со забрзано темпо. Особено нè интересираат снимки од безбедносни камери или други видеоматеријали кои би можеле да помогнат во расветлувањето на случајот“, изјави таа.

Талеј Рајли беше едно од најпочитуваните имиња зад сцената на современата музичка индустрија. Во текот на кариерата соработуваше со некои од најголемите светски ѕвезди, меѓу кои Дуа Липа, Зендеја, Калид и Стормзи.

Тој е соавтор на повеќе меѓународни хитови, меѓу кои „Young Dumb & Broke“ на Калид, „Who Do You Love“ на групата „Чејнсмокерс“, „Lights On“ на Х.Е.Р., „Walk Like This“ на Фло и „Out The Window“ на Келани.

По веста за неговата смрт, бројни музичари и јавни личности му оддадоа почит на социјалните мрежи. Неговиот брат, музичкиот продуцент Скрибз Рајли, објави емотивна порака во која го опиша како човек кој со својот талент, добрина и посветеност оставил длабока трага кај многу луѓе.

Сочувство до семејството изразија и музичарите Стормзи, Орисе Вилијамс и Вреч 32, кои го опишаа Рајли како исклучителен уметник и личност чие наследство ќе продолжи да живее преку неговата музика.

ФОТО | Индија на нозе: Поранешна мис злоставувана и убиена по венчавката поради мираз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот