Твиша Шарма и Самарт Синг/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Индија на нозе: Поранешна мис злоставувана и убиена по венчавката поради мираз

Во Индија, каде што секоја година илјадници млади жени се убиени поради недоволен мираз, ваквите смртни случаи ретко стигнуваат до медиумите.

Смртта на Твиша Шарма, која се случила на 12 мај во градот Бопал, предизвика големо медиумско внимание и секојдневно ги полни насловните страни, пишува Би-би-си.

Оваа 33-годишна манекенка и актерка била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг кога била пронајдена мртва во нивниот дом. Тие се запознале преку апликација за состанување. Родителите и браќата на Твиша тврдат дека Самарт и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја злоставувале поради барањата за мираз и дека таа е убиена.

Од друга страна, Гирибала Синг ги нарекла обвинувањата „неосновани“ и тврди дека Твиша имала ментални проблеми, дека се борела со зависност од дрога и дека извршила самоубиство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NDTV (@ndtv)

Полицијата покрена истрага за смртта поврзана со миразот и истражува дали станува збор за убиство или самоубиство. Сопругот на актерката, Самарт Синг, беше 10 дена во бегство, а за информации што би довеле до негово апсење беше распишана парична награда. Судот го отфрли неговото барање за кауција и му нареди да се предаде до 23 мај. На неговата мајка ѝ беше одобрена заштита од апсење со кауција.

Судот во Бопал вчера му одреди на Самарт Синг, сопруг на Твиша Шарма, седумдневен полициски притвор во врска со нејзината смрт. Притворот доаѓа еден ден откако Синг драматично се предал пред судот во Џабалпур, предизвикувајќи хаос во судот, јави „Индија тудеј“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viral Bhayani (@viralbhayani)


Случајот привлече дополнително внимание бидејќи Гирибала Синг е поранешна судијка, додека Твиша била добро познато лице во индиската јавност. Таа ја освоила титулата Мис Пуна во 2012 година, снимала реклами, глумела во регионални филмови, а подоцна се занимавала со маркетинг. Пријателите ја опишуваат како амбициозна и весела личност.

Семејството Шарма тврди дека проблемите започнале кратко по свадбата кон крајот на 2025 година. Тие тврдат дека сопругот и неговата мајка постојано ја критикувале висината на миразот и организацијата на венчавката.

Наводно, особено тежок конфликт избувнал кога Твиша забременила. Нејзините родители тврдат дека нејзиниот сопруг и свекрва се сомневале дека детето не е негово и дека ја принудиле да абортира на почетокот на мај. Синг ги отфрла сите обвинувања и тврди дека Твиша не сакала деца.

Дополнителен шок предизвикале пораките што Твиша му ги испратила на своето семејство преку социјалните мрежи. Во една од нив таа напишала: „Мојот живот е жив пекол“. Нејзиното семејство тврди дека последниот разговор со неа бил ненадејно прекинат ноќта кога починала, по што нејзината свекрва им јавила: „Ја нема повеќе“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brut India (@brut.india)

Првата обдукција покажала дека смртта настапила со бесење, но биле забележани и повреди што се случиле пред смртта. Поради ова, семејството на Твиша побарало нова обдукција и одбива кремација додека случајот не се разјасни целосно.

Твиша постојано била јавно понижувана од нејзиниот сопруг пред пријателите и семејството, изјавиле нејзините пријатели за НДТВ.

Според нејзините пријатели – Навратан, Прерна и Пуршотам – Самарт постојано ја навредувал Твиша нарекувајќи ја „gawar“ (необразована) пред нивните пријатели.

„Тој велеше дека Твиша не знае ништо, што и да учела, не знае ништо, ниту, пак, работи нешто. Тој секогаш во текот на дружењето со пријателите“, рекле тие.

Случајот предизвика бурни реакции низ цела Индија, а на социјалните мрежи е започната кампања „Правда за Твиша Шарма“. Таткото на починатата актерка тврди дека моќни луѓе се обидуваат да влијаат врз истрагата и порачуваат дека семејството нема да се откаже додека не биде задоволена правдата за нивната ќерка.

Владата на сојузната држава Мадја Прадеш соопштила дека истрагата ќе ја преземе Централното биро за истраги (ЦБИ) .

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот