ВИДЕО | Не успеа планот со илјадници гласачи од Русија — Ерменија пак ја избра ЕУ

Владејачката проевропска партија во Ерменија победи на парламентарните избори, потврдувајќи го насочувањето на земјата кон Европа и подалеку од својот традиционален сојузник, Русија, објави „Гардијан“.

Медиумите објавија видеа на кои, како што наведуваат, се гледа како на аеродромот во Ереван имало голем прилив на руски Ерменци, кои Путин ги испратил да гласаат против Пашинјан.

Руските власти денес ја осудија улогата на Европската Унија (ЕУ) на вчерашните парламентарни избори во Ерменија, на кои победи партијата на премиерот Никол Пашинјан.

„Парламентарните избори се одржаа во контекст на невиден притисок врз опозицијата и мешање од Западот, првенствено од ЕУ“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Таа додаде дека целата изборна кампања и самото гласање се одржале „во атмосфера на силна репресија од страна на ерменските власти врз опозициските партии и движења, нивните активисти и нивните поддржувачи“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, од своја страна, им изјави на новинарите дека имало бројни неправилности за време на изборите, без да даде дополнителни детали.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој се сврте кон Западот, победи на парламентарните избори.

Неговите противници ги осудија неправилностите, како и неговиот главен ривал Самвел Карапетијан и апсењето на членовите на неговиот предизборен тим.

ЕУ и европските лидери ја изразија својата поддршка за Никол Пашинјан и ветија дека ќе ѝ помогнат на Ерменија да се спротивстави на Москва.

Самата Русија е обвинета за мешање во ерменските избори, особено преку дезинформациска кампања насочена кон гласачите.

Европските сојузници на Зеленски поставија пет услови за мировни преговори со Русија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот