ФОТО+ВИДЕО | Перо Антиќ го испрати синот на Панчо на полуматура: „Среќна матура лепотану“
По смртта на Владимир Блажев – Панчо, многу моменти во животот на неговите најблиски останаа без неговото присуство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Еден од нив е и полуматурската вечер на неговиот син, која годинава носи и радост и тага. Во денот што секој родител сака да го памети, покрај момчето застана еден од најдобрите пријатели на Панчо – Перо Антиќ.
Перо на социјалните мрежи објави фотографија со момчето, на која напиша: „Среќна матура лепотану“.

Тој сподели и видео на кое се гледа како го испраќа полуматурантот со автомобил.
Антиќ и Панчо беа долгогодишни и многу блиски пријатели. Затоа, неговото присуство на полуматурата на синот на музичарот има посебна симболика.
Владимир Блажев – Панчо почина на 14 октомври 2025 година, од последиците од повредите здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Неговата смрт остави голема празнина кај семејството, пријателите и бројните обожаватели.
Панчо беше татко на два сина, Андреја и Марјан, за кои секогаш зборуваше со многу љубов и гордост. Во едно интервју од 2023 година тој откри дека неговите деца се скромни, дружељубиви и воспитани, додавајќи дека постариот син Андреја сака спорт и тренира фудбал.
Имал страв од топлина и од гужва: Вака зборуваше Панчо за анксиозноста пред да почине


