Светлана Црнокрак / Фото: Фејсбук/Светлана Црнокрак

Светлана Црнокрак искрено за врската со Благоја Грујовски: Бевме приказна како „Убавицата и ѕверот“

Светлана Црнокрак за првпат прозборе за нејзината врска со фолк-пејачот Благоја Грујовски и откри детали за нивната љубов.

Познатиот модел, денес сопственичка на модното студио „Црнокрак“, заедно со нејзиниот сопруг Мики, беше гостинка на „Гламур“, каде што се наврати на еден од најинтересните периоди од нејзиниот приватен живот. Во отворен разговор, таа ја потврди долгогодишната врска со популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски.

Светлана раскажа дека нивната романса се случила во период кога таа ја започнувала својата манекенска кариера, а во јавноста ги нарекувале „Убавицата и ѕверот“.

„Јас бев тогаш во периодот на почетоците на мојата кариера, по тие избори, актуелна мисица, убавица… Јас бев во врска со нашиот пејач Благоја Грујовски. И таа врска траеше, па не знам, можеби две и пол години. Бевме баш онака, во врска, бевме познати во јавноста и ете така, се погоди, како приказна од ‘Убавицата и ѕверот’“, откри Светлана Црнокрак.


Сопругот на Светлана, Мики Црнокрак, неодамна прослави личен јубилеј. Тој со насмевка на лицето и роденденска торта го одбележа својот 59-ти роденден.

Зад секој успешен маж стои силна жена, а во случајот на Мики, тоа е неговата сопруга Светлана. Светлана и Мики важат за еден од најубавите, но и најстабилните парови на македонската естрада. Тие се запознаа во деведесеттите години, токму преку манекенството, кога и двајцата ги чекореа своите први модни патеки.

Љубовта ја крунисаа со брак на 11 октомври 1997 година. Оттогаш, повеќе од 28 години, тие се неразделни партнери и во приватниот живот и во водењето на модното студио.

Од нивниот долгогодишен брак, Светлана и Мики имаат две ќерки кои целосно ги наследија убавината и шармот на своите родители, но и нивниот талент за мода. Постарата ќерка е Моника Црнокрак (26). Таа веќе има изградено сопствено име во светот на убавината. Неодамна учествуваше на престижни избори за убавина, а на почетокот на 2026 година постигна огромен успех во Либан, каде што се закити со титулата „Мис Европа“.

Нина Црнокрак (15) е помалата ќерка, која исто така покажува голем потенцијал и веќе има искуство со избори за убавина. Во минатото ја освои и титулата „Little Miss Planet“.

Лани освоивме сребрен медал, годинава прославивме 26 години брак: Искрено со Светлана Црнокрак за љубовта со Мики и манекенската кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот