„Ќе ти дишам во врат“: Искра Канзурова лута откако на Љубе Крстевски му ја преиначија казната за убиство на кучето Феликс
Водителката Искра Канзурова се огласи во врска преиначената казна на Љубе Крстевски, за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година.
Препорачано
„Љубе, добар си? Ако мислиш дека си се спасил, си згрешил. Ќе ти дишам во врат“, напиша Искра на нејзиниот Фејсбук профил објавувајќи слика од Крстевски.
Основниот Кривичен суд првично го осуди Љубе Крстевски на затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс, кое почина од последици на нанесените повреди. При крајот на мај, Апелација му ја преиначи казната во парична.
Во неа пишува дека за кривичното дело убивање и мачење животни на Љубе Крстевски му се прифаќа жалбата и казната се преиначува во парична, да плати 90 дневни глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра (110.700 денари).
Канзурова потоа се огласи со уште еден статус на Фејсбук во кој вели дека ѝ замерувале што на социјалните мрежи пишува само за кучиња.
„Ми префрлуваат дека само за кучиња сум пишувала. Ок, еве ќе ви раскажам од кого сум фасцинирана деновиве. ‘Лавина’ од Србија и фронтменот Лука. Отсекогаш сум била рокер, но ретко кога вака нешто ме поместило и изместило како нивната песна ‘Крај мене’. И пред да судите, распрашајте се, дечкото има завршено Музичка академија, дечкото свири клавир, професор е по гитара, фитнес тренер, не пие, не пуши, не се дрогира. Ако ова не е пример за нашите деца, тогаш не знам што е? Турбо фолк пејач? Само напред Лавина и Лука. Rock&Roll never dies“, напиша Искра.
Таа е долги години во брак со Владимир Канзуров со кој има две деца, Матеа која е балерина, и Меглен кој тренира ракомет.
„Владо го запознав во Охрид, мислам дека сѐ се врти околу Охрид во нашата Македонија, и можеби ако го запознав на друго место, не би било сѐ така убаво како сега. Тоа беше едно лето, само се запознавме, а посериозно стана по втората средба на прослава на една Нова година, во познато скопско кафуле во ГТЦ. Заедно сме 19 години“, откри Искра во еден разговор за „Слободен печат“.


