Teжок удар за Холандија пред Мундијалот: Куман остана без еден од најстандардните репрезентативци
Фудбалската репрезентација на Холандија доживеа сериозен удар непосредно пред почетокот на Светското првенство, откако беше потврдено дека Јуриен Тимбер нема да настапи на најголемата светска фудбалска сцена.
Препорачано
Дефанзивецот на лондонски Арсенал веќе подолг период се соочува со повреда, а стручниот штаб на репрезентацијата проценил дека не е подготвен за настап на турнирот.
Поради тоа, селекторот Роналд Куман беше принуден да направи измена во конечниот список на патници за Мундијалот. Местото на Тимбер ќе го заземе Лутшарел Гертуида, дефанзивец на Сандерленд, кој досега се беше на листата на резервни играчи.
Тимбер во изминатите сезони беше еден од клучните фудбалери на холандската репрезентација, па неговото отсуство претставува значителен хендикеп за тимот на Куман во пресрет на предизвиците што ги очекуваат на Светското првенство.
Холанѓаните на Мундијалот ќе играат во група со: Јапонија,Шведска и Тунис.
Мундијал 2026 | Група Ф: Четири репрезентации со еднакви шанси за пласман понатаму
Најдобриот африкански судија добил виза, но Америка го вратила од аеродром
Њујорк под закана на голем хаос: Франција и Сенегал може да играат во ист ден со финалето од НБА


