Скандал на Островот: Газдата на Вест хем е обвинет дека барал сексуални услуги во замена за кариера
Фудбалската јавност во Велика Британија е погодена од нов скандал во кој е вмешан еден од сопствениците на Вест хем Девијд Саливен кој е обвинет од повеќе девојки.
Препорачано
Саливен, кој своето богатство го стекна во индустријата за содржини за возрасни е обвинет дека со децении ја злоупотребувал својата моќ за сексуално искористување млади девојки и тинејџерки.
Седум жени излегле во јавност со тврдења дека биле уценувани преку ветувања за кариера. Девојки кои сакале да станат модели во неговите изданија „Дејли спорт“ и „Сандеј спорт“ наводно биле изложени на сериозен притисок и злоупотреба на моќ.
Една од наводните жртви, под псевдонимот Флоренс, опишала средба со него кога имала 20 години, наведувајќи дека тој ѝ давал несоодветни и навредливи понуди поврзани со работа и лични односи, по што, како што тврди, се чувствувала под силен притисок и страв.
Друга жена, изјавила дека ѝ биле нудени можности за напредок во кариерата во замена за интимни услуги, додека нејзината мајка била присутна на истиот настан.
Милијардерот веднаш по објавувањето на истрагата поднел оставка од сите функции во Вест хем, но ги отфрлил обвинувањата како „лажни и клеветнички“.
„Тврдењата се целосно неточни и неосновани. Процесот е суштински неправеден и без непристрасност. Ќе покренам постапки за клевета против „Би-би-си“ и сите медиуми што ги пренесуваат овие наводи“, изјавил Саливен.
Скандалот доаѓа во чувствителен момент за клубот, кој неодамна се соочи со резултатски и раководни турбуленции. Саливен ќе го задржи својот удел во клубот, додека неговите синови остануваат на директорски позиции.
Од клубот порачаа дека обвинувањата не се поврзани со работата на Вест хем, но Саливен сепак се повлекол за, како што навел, да не претставува товар и извор на нестабилност.
Иако повеќе жени во изминатите години поднесувале пријави до полицијата, тој никогаш не бил официјално обвинет. Новата истрага на „Би-би-си“ повторно го отвора случајот кој, според британските медиуми, може сериозно да ја наруши неговата репутација.
Њујорк под закана на голем хаос: Франција и Сенегал може да играат во ист ден со финалето од НБА
Ѓоковиќ емотивно му честиташе на Зверев: Те познавам уште од кога имаше десет години…


