Отварање на претседателска канцеларија 2026 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

„Нема нерешлив проблем меѓу Македонија и Бугарија“, рече Сиљановска и најави средба со Јотова во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за „360 степени“ потврди дека в среда во Софија ќе се сретне со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во рамките на Самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

Претседателката вели дека средбата претставува природно продолжение на нивната претходна комуникација во Ереван и оти очекува разговорите да опфатат и суштински прашања во односите меѓу двете земји.

„Нема нерешлив проблем“, порача Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека клучот за надминување на разликите лежи во меѓусебната комуникација, соработката и заедничкото учество во проекти од заемен интерес.

Таа потсети и на својата прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, кога вниманието на јавноста било насочено кон инцидентот со знамињата, додека во втор план останале пораките за потребата од поблиска соработка меѓу двете држави.

„Сите што бевме присутни на работниот ручек слушнавме говор за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобри резултати и повеќе успеси. Тоа е единствениот начин да се однесуваме искрено и добронамерно, без навреди и меѓусебни повреди, внимателно мерејќи ги зборовите“, изјави Сиљановска-Давкова.

Мицкоски е на Самитот во Тиват — во фокусот се проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Западен Балкан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот