Имал страв од топлина и од гужва: Вака зборуваше Панчо за анксиозноста пред да почине
На Фејсбук се појави ретка фотографија од Владимир Блажев – Панчо, музичарот од „ДНК“, кој, за жал, ја загуби битката по седуммесечно лекување во болница по трагичниот пожар во Кочани и почина на 14 октомври лани.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фотографијата е од времето кога Панчо беше дел од групата „ОК бенд“, а на неа се сликани со женската група „3Д“.

Блажев во повеќе наврати отворено зборуваше за проблемот со анксиозноста, но за своите најголеми стравови искрено проговори во емисијата „Еден на Еден“.
„Јас сум многу отворен како личност. Сум бил и на психолог, јавно зборувам за анксиозноста која сум ја поминал. Нема срам во тоа. Ако сè чуваш во себе, може многу лошо да заврши – и за тебе, и за околината, и за сите. Анксиозноста не е болест, туку е состојба на умот. Јас првпат ја почувствував во 2004/2005 година, па се повлече, па во 2010 година имав еден многу страшен крах. Кај мене не беше несоницата проблем, туку имав уплав дека ќе ми се случи инфаркт“, рече Панчо и детално раскажа од што се плашел кога настапувал во клубови.
„Ми пречеа светлата на настапи. Замисли, мојата работа е во гужва, а јас имав страв од гужва. На топло време не можев да одам, чувствував дека не можам да дишам. Ти се тресат нозе, ти се стегаат мускули, грчеви ти се прават. И одиш на лекар, ти велат дека си ‘џам’ – од крвна слика до сите испитувања. И докторите велат: ‘Сè ти е од стрес’. И така е реално“, рече музичарот во едно гостување во популарното шоу.
Потоа ја спомена својата мајка, која почина пред 12 години од канцер. Панчо тогаш раскажа дека се плашел да остане сам во соба и ја викал мајка му да му прави друштво.
„Јас ја викав мајка ми да седи со мене, додека гледам фудбал – магаре на 30 години. Мајка ми седи тука и ја прашувам: ‘Сега подобро ти е? Седи со мене’. Ја малтретирав, ама мајка е, сè ќе направи. Тоа е еден затворен круг каде што ти треба помош. И затоа јас јавно зборувам, сум одел и на предавања на оваа тема, за да им кажам на луѓето дека не се луди“, откри Панчо.
За неговата сестра Јадранка рече дека му била како втора мајка.


