Фридрих Мерц/ Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

ВИДЕО | „Мерц мора да си оди“: десничари демонстрираа низ Берлин барајќи оставка од канцеларот

Илјадници демонстранти денеска се собрале во центарот на Берлин барајќи оставка од германскиот канцелар Фридрих Мерц, со националистички слогани, антиимигрантски пораки и покажувајќи крајно десничарски симболи, објавија светските медиуми.

Многу демонстранти носеле германски знамиња и транспаренти со пораки како „Мерц мора да си оди“ и „Не е мој канцелар“. Некои транспаренти ја обвинуваle владата дека ja игнорира загриженостa на граѓаните, додека владините реформи и даноците поврзани со климатската политика биле меѓу главните цели на критиките.

Собраните скандирале „Ние сме народот“, историски слоган кој во последниве години често се поврзуваше со крајно десничарски популистички движења, пренесуваат медиумите.

Протестот бил организиран од иницијативата наречена „Проект М1лион“, која се залага за директна демократија и промовира програма од 11 точки.

Меѓу барањата се запирање на миграцијата, итна депортација на сите осудени криминалци и луѓе без регулиран статус на престој, суспендирање на тековните реформи во здравствениот систем и укинување на задолжителната такса за јавниот радио и телевизиски сервис.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, конзервативен политичар кој ја предводи коалициската влада со социјалдемократите, претходно ги отфрли повиците за предвремени избори, велејќи дека политичката нестабилност би била превисока цена за најголемата економија во Европа.

Сепак, најновите анкети на јавното мислење укажуваат на значително незадоволство кај граѓаните од неговата работа. Според анкетата спроведена од Институтот Форса помеѓу 26 мај и 1 јуни, 85 проценти од испитаниците рекле дека не се задоволни од досегашната работа на канцеларот Мерц, додека 13 проценти од испитаниците изразиле поддршка за неговата работа.

Србија ризикува да изгуби милијарди евра помош од ЕУ поради врските со Русија и демократските назадувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот