Фото: mtftennis.mk

Македонските тенисери против Молдавија, Грузија и Косово во Дејвис купот

Најдобрата македонска тениска репрезентација денеска ги дозна ривалите во групата во рамки на Дејвис куп натпреварувањето од Третата европска група што од утре до сабота ќе се игра во Кишињев, Молдавија. Македонија е во групата Б и за ривали ги има Грузија (рангирана на 71 позиција – носител), Косово (85 место) и Молдавија (86 место). Групата А ја сочинуваат: Република Ирска, Летонија, Црна Гора и Азербејџан.

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија е рангирана на 78. место. Прв противник в среда ќе ни биде Молдавија, репрезентација против која имаме одиграно осум меча и учинокот е 5:3 за Македонија. Три од победите ги имаме остварено на терените на ТК Југ во Скопје – 1998, 2021 и 2025 година, а лани по голема борба остваривме победа.

За Македонија ќе настапат: Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев, како и Украинецот со македонски пасош Олег Приходко, а селектор е Горан Шевченко.

Се играат два сингл меча, а потоа следува мечот во двојки и победник е репрезентацијата која ќе освои најмалку две победи, но бидејќи квалитетот на најголем дел од селекциите е изедначен решавачки може да биде секој поен.

Во првото коло покрај дуелот Македонија – Молдавија играат уште Грузија – Косово (Б група) и Република Ирска – Црна Гора и Летонија – Азербејџан. По завршување на утрешните мечеви ќе бидат познати и двојките за второто и третото коло.

Победниците на групите ќе обезбедат промоција во Втората светска група (во сабота ќе играат меч само за пехар), додека второпласираните од групите ќе се борат за третата позиција, која носи исто така промоција. Трето и четвртопласираните селекции од групите ќе играат во сабота (А3-Б4) и (Б3-А4), при што победниците ќе останат во Третата европска група заедно поразениот од дуелот за третото место, а двете репрезентации што ќе загубат ќе се преселат во Четвртата европска група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот