Фото: Албански Театар Скопје

Ревизорите открија низа пропусти во Албанскиот театар — немало имотни листови, немало приходи од бифето

Во извештајот се наведува и дека не е дефиниран начинот на набавка, прием, издавање и задолжување со материјали и ситен инвентар. Потоа, констатирани се слабости во начинот на регистрирање и евидентирање на полното работно време, како и намирување обврски по проекти од минати години, за кои не биле предвидени финансиски средства со тековниот Годишен план за работа.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) најде сериозни слабости во финансиското и административното управување со Албанскиот театар во Скопје за 2024 година.

Меѓу клучните забелешки за оваа културна институција се недостатоците при пописот на средствата, непостоењето материјална евиденција, како и запишувањето на градежни објекти во книгите, без претходно обезбедени имотни листови.

Оттука, ревизорите изразија „неповолно мислење“ за финансиските извештаи за 2024 година и „мислење со резерва“ за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Во извештајот се наведува и дека не е дефиниран начинот на набавка, прием, издавање и задолжување со материјали и ситен инвентар. Потоа, констатирани се слабости во начинот на регистрирање и евидентирање на полното работно време, како и намирување обврски по проекти од минати години, за кои не биле предвидени финансиски средства со тековниот Годишен план за работа.

„Обелоденети се состојби кои се однесуваат на нерегулиран начин на користење на недвижни и движни ствари, функционирање на Управниот одбор без законски утврдениот број на членови, внатрешната организација и систематизација на работните места во установата, начинот на користење на паркинг просторот наменет за публиката на театарот, како и судски постапки што се во тек“, посочуваат од ДЗР.

Судските постапки се однесуваат на случаи во кои Албански театар се јавува како тужител. Едниот е по основ на надомест за вкупна штета од 4.499.000 денари, а втората за давање под закуп на деловен простор – бифе кој се наоѓа во Албанскиот театар.

„Имено од страна на поранешен в.д директор на Националната установа, во текот на 2020 година склучен е Договор за закуп, согласно кој ресторанот/бифето се дава под закуп за период од 3+2 години и месечен надомест од 32.000 денари. За склучениот договор за закуп, не е спроведена постапка за давање под закуп на недвижни ствари предвидена со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, ниту националната установа има остварено приходи по основ на закуп на деловен простор – бифе“, стои во извештајот на ДЗР.

Воедно, ревизорите во извештајот истакнуват дека се „недефинирани механизмите во Законот за културата за задолжително ангажирање на давателите на услуги во реализација на годишните програми за работа“.

ФОТО | Неосновано биле исплатени 236.000 евра, нема контрола, а важни документи се чуваат во кутии — Ревизија најде куп проблеми со социјалната помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот