Шверцер фатен со 10 лаптопи вредни 13.000 евра – биле скриени во изнајмено возило
Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во земјава десет нови лаптопи од марката „Делл“, вредни речиси 13.000 евра, но бил откриен од царинските службеници на граничниот премин „Богородица“. Лаптопите биле пронајдени на различни скриени места во возило изнајмено од рент-а-кар компанија, кое го управувал осомничениот. Поради основано сомнение, цариниците извршиле детален претрес и ги откриле сите десет компјутери.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според информациите од предистражната постапка, осомничениот претходно ги подигнал лаптопите од карго-компанија во Солун, по што се обидел да ги прошверцува во државата без да ги пријави. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело – криумчарење.
Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилените контроли за сузбивање на шверцот и заштита на финансиските интереси на државата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
14мин
-
15мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


