Охрид, Македонија / Фото: URŠA FRELIH / Alamy / Profimedia

Земјотрес ги разбуди охриѓани и стружани

Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Охридско-струшкиот регион, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на опсерваторијата, потресот се случил во 05:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.

Досегашните информации покажуваат дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Охрид и на Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат до граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност на нивната веб-страница, со цел прибирање дополнителни податоци за сеизмолошките истражувања и анализа на настанот.

Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот