Само 11 отсто од Европејците ги гледаат САД како сојузник, покажува нова анкета
Само 11 отсто од Европејците ги сметаат Соединетите Американски Држави за сојузник, што претставува историски најниско ниво и пад од 16 проценти пред шест месеци и 22 отсто во ноември 2024 година, според анкета објавена од Европскиот совет за надворешни односи, пренесува Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Наодите, објавени во пресрет на самитите на Група седум (Г7) и НАТО, укажуваат на намалена доверба на Европа во Вашингтон како сигурен безбедносен партнер. Мнозинството испитаници во 15 анкетирани земји изразиле сомнеж дека САД би притрчале во нивна одбрана во случај на напад.
Европејците биле за четири процентни поени повеќе наклонети отколку минатата година кон зголемување на националните трошоци за одбрана. Единствен исклучок е Италија, каде што јасно мнозинство и натаму се противи на таков потег.
Вкупно 47 проценти од испитаниците низ регионот ја поддржуваат идејата за заедничко задолжување на ЕУ за финансирање на одбранбени иницијативи, при што најсилна поддршка е забележана во Португалија (59 отсто), Данска (56 отсто) и Холандија (55 отсто).
Повеќето испитаници се залагаат за намалување на зависноста од американска воена опрема во корист на европски алтернативи, а најголема поддршка за политиката „купувај европско“ е регистрирана во Данска, Холандија и Шведска.
Полска е единствената земја каде што мнозинството поддржува зголемени набавки на американско оружје, додека во Германија, Италија и Унгарија постои значителна поделеност по ова прашање.
Отпорот кон намалување на домашната јавна потрошувачка со цел зголемување на буџетите за одбрана останува силен во Италија (63%), Австрија (59%) и Германија (56%).
Во однос на енергетската политика, 44 проценти од Европејците се против обновување на увозот на нафта и гас од Русија и покрај зголемените трошоци.
Повеќето испитаници и натаму ја поддржуваат Украина како сојузник или стратешки партнер, иако консензусот е послаб кога станува збор за испраќање мировни сили во Украина по завршувањето на војната или за понатамошно проширување на членството на ЕУ кон исток.
Мнозинството во сите анкетирани земји, освен во Бугарија, смета дека односите меѓу САД и Европа ќе се подобрат кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја напушти функцијата.
Републиканци се загрижени поради планот на Трамп да ја повлече војската од Германија
Анкетата е спроведена во мај 2026 година со комбинирани методи од истражувачки агенции, врз примерок од лица на возраст од 18 години и постари во Австрија, Бугарија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.


