Републиканци се загрижени поради планот на Трамп да ја повлече војската од Германија
„Многу сме загрижени за одлуката за повлекување на американската бригада од Германија“, изјавија американскиот сенатор Роџер Викер и претставникот Мајк Роџерс во заедничка изјава. Викер е републиканец од Мисисипи, а Роџерс е од Алабама и тие претседаваат со Комисиите за вооружени сили на Претставничкиот дом и на Сенатот, објави „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Објавата дојде еден ден откако Пентагон го објави повлекувањето и рече дека се очекува да биде спроведено во следните шест до 12 месеци.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече силите претходно оваа недела откако се расправаше со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој рече дека Иранците ги понижуваат САД во разговорите за прекин на двомесечната војна и дека не гледа каква стратегија спроведува Вашингтон.
„Ризикуваме да испратиме погрешен сигнал до Путин“, велат Викер и Роџерс, додавајќи дека секоја значајна промена во американското воено присуство во Европа мора да се дискутира со Конгресот и со сојузниците на САД.
„Очекуваме одделот да соработува со надзорниот комитет во наредните денови и недели за оваа одлука и нејзините импликации за одвраќањето на САД и трансатлантската безбедност“, рекоа тие.
Дури и ако сојузниците на НАТО ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП, градењето конвенционални капацитети за одвраќање бара време, а предвременото повлекување на американските сили во Европа „ризикува да го поткопа одвраќањето и да испрати погрешен сигнал до Владимир Путин“, се наведува во соопштението.
Америка ќе повлече околу 5.000 војници од Германија, објави Пентагон


