Америка ќе повлече околу 5.000 војници од Германија, објави Пентагон
Трамп, кој повеќепати се жалеше дека земјите членки на НАТО не помогнале во нападот врз Иран, со месеци предупредуваше дека САД ќе ги повлечат силите од Европа.
Пентагон соопшти дека САД ќе повлечат 5.000 војници од воените бази во Германија, потег што доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници, особено поради несогласувањата околу војната во Иран, пренесува Политико.
Препорачано
Овие бројки претставуваат релативно мало намалување на военото засилувањето што започна под претседателот Џо Бајден како одговор на целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година. Сè уште ќе има околу 33.000 американски војници во Германија.
Трамп, кој повеќепати се жалеше дека земјите членки на НАТО не помогнале во нападот врз Иран, со месеци предупредуваше дека САД ќе ги повлечат силите од Европа.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, соопшти дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил повлекување по преглед на распоредувањето на американските сили во Европа и дека тоа е одговор на „потребите на театарот и условите на теренот“.
„Секретарот за војна нареди повлекување на приближно 5.000 војници од Германија. Очекуваме повлекувањето да биде завршено во наредните шест до дванаесет месеци“, рече Парнел.
Остри зборови и незадоволство на линија САД – Европа
Трамп првпат ја изнесе идејата за повлекување на војници од Германија изминатава недела, како продолжение на неговото незадоволство од НАТО и од ограничената поддршка на европските сојузници за војната со Иран. Тој предлог ги изненадил претставниците на Пентагон, пишува Политико.
Трамп разгледува повлекување на дел од американските сили од Германија
Меѓувреме, атмосферата е тензична меѓу Трамп и повеќе европските политичари. Германскиот канцелар Фридрих Мерц Соединетите Американски Држави се „понижени“ од Иран, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро.
Според Мерц, секогаш проблемот со ваквите конфликти е дека „не мора само да влезете, туку мора повторно да излезете“.
„Тоа го видовме многу болно во Авганистан, 20 години. Го видовме во Ирак. САД сосема очигледно влегоа во оваа војна без никаква стратегија“, рече Мерц, додавајќи дека тоа го отежнува ставањето крај на конфликтот.
САД се „понижени“ од Иран, вели Мерц и предупредува дека конфликтот нема да заврши наскоро
Во Германија се стационирани 38.000 американски војници, каде што се наоѓаат и Европската команда на САД и Африканската команда — убедливо најголемото распоредување на американски сили во Европа.
Пентагон ја заврши својата ревизија на военото присуство на САД ширум светот порано оваа година. Во тој извештај не се повикуваше на големо повлекување на војници од Европа, но се ветуваше пренасочување на повеќе воени ресурси кон западната хемисфера и Пацификот, оставајќи ја европската безбедност на европските земји.
Порано оваа година Пентагон соопшти дека нема да ја замени една армиска бригада која требаше да ја напушти Романија, што предизвика загриженост во НАТО. Но, повлекувањата од Романија и Германија не би требало да имаат значително влијание врз европската безбедност, особено бидејќи повеќето сојузници во НАТО трошат повеќе за сопствените воени капацитети и го зголемуваат бројот на своите вооружени сили.


