фото: скриншот/видео

ВИДЕО | Турција дизајнира лимузини „Тог“ за превоз на лидерите на самитот на НАТО

висеДесет специјално дизајнирани лимузински верзии на возилата „тог“ од домашно производство на Турција се подготвени за превоз на лидерите за време на 36-от самит на шефови на држави и влади на НАТО кој утре и задутре ќе се одржи во Анкара, јавуваат турските медиуми.

Како што продолжуваат подготовките пред самитот, прилагодените лимузини „тиг“ T10X се додадени во протоколарната флота.

Возилата, изложени пред местото на одржување на Конгресот на АТО, вклучуваат модели со црвено-белите национални бои на Турција, како и специјално дизајнирани верзии украсени со тиркизни тонови и традиционални мотиви.

Се очекува лимузините да сообраќаат на кратки релации во рамките на местото на одржување на самитот со брзина од околу 50 километри на час.

Од нив се очекува да обезбедат контролиран транспорт по назначените протоколарни рути во текот на целиот самит.

Над 100 луѓе се приведени во Турција пред самитот на НАТО, меѓу нив и новинари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот