фото: Икс

Деветмина повредени, завршил на Интензивна: 93-годишник од Виена ја кренал куќата во воздух — не сакал да оди во дом за стари

Кратко по полноќ од сабота кон недела, силна експлозија на гас разбудила многу луѓе во 21-от виенски станбен округ Флоридсдорф, Австрија, пишуваат медиуми.

Една семејна куќа на улицата Карл-Бенц-Вег била целосно уништена, а бројни околни куќи биле сериозно оштетени. Но, не само куќите, туку и паркираните автомобили, како и бројните прозорци и стаклени површини, биле расфрлани на парчиња.

Деветмина се повредени во експлозијата на гас, објави австриската телевизија ОРФ. Шестмина полесно, а двајца биле префрлени во болница. Една од нив е 25-годишна бремена жена.

Меѓу повредените е и 93-годишниот жител на куќата, која е целосно уништена во експлозијата на гас. Тој бил пронајден од специјални сили со кучиња за следење и специјални камери под урнатините, во подрумот на куќата. Добил изгореници од втор степен и е префрлен во болница на интензивна нега, под полициски надзор, според ORF. Со забелешка дека е уапсен под сомнение за намерно загрозување на луѓе, работи, имот итн. И дека ќе биде сослушан штом неговата здравствена состојба ќе дозволи.

Медиумите известуваат дека 93-годишникот, кој живеел сам, се скарал со својот посинок, кој наводно го замолил да ја напушти куќата и да оди во дом за стари лица, што не го сакал, бидејќи имал право на доживотен закуп.

„Овој семеен спор трае веќе две години“, пишуваат медиумите и истакнуваат дека следното судско рочиште требало да се одржи на 8 јули.

Експлозија во семејна куќа во Сараево, тројца мртви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот