Фото: илустрација / архива

Стружанка одела на работа и ги оставала децата сами ноќе во кола, сопругот ја пријавил во полиција

Жител на Струга доцна синоќа пријавил во полиција дека неговата сопруга, која била на работа, ги оставила нивните малолетни деца да спијат во автомобил на земјен паркинг, соопшти МВР.

Децата биле пронајдени како спијат во автомобилот, по што му се предадени на таткото, а мајката ќе одговара, додаваат од полицијата.

„Ноќеска во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Им скршил ретровизор кај Шишево, па му пукале во глава — двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот