Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Осуден е чешки тинејџер кој ја силувал 12-годишната сестра, а таа родила дете

Јавноста во Чешка одново е згрозена од бизарниот случај кој деновиве доби судска разврска — 12-годишно девојче уште лани родило дете без никој од нејзиното семејство или околина да забележи дека е бремено. Според чешките медиуми, утврдено е дека девојчето го силувал братот, кој тогаш имал 15 години.

Малолетниот силувач е осуден на три години условно, со задолжително лекување и мониторинг.

Девојчето потекнува од село во регионот Карлови Вари, недалеку од германската граница. Според медиумските извештаи, ниту семејството ниту училиштето не ги препознале нејзините телесни промени како знаци на бременост, а зголемувањето на телесната тежина очигледно го припишувале на други причини.

Вистината излегла на виделина дури на почетокот на јули 2025 година, кога девојчето поради силни болки било итно пренесено во болница, а таму се покажало дека болките всушност биле породилни болки.

Норвешкото обвинителство бара седум години затвор за синот на принцезата, обвинет за силување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот