ВИДЕО | Славниот режисер одби да се ракува со принцот Хари? Непријатно видео од финалето на НБА стана вирално
Непријатен момент помеѓу принцот Хари и режисерот Спајк Ли го одбележа петтиот натпревар од финалето на НБА. Снимката од Ли на која првично се чини дека ја одбива подадената рака на принцот Хари набрзо стана вирална на социјалните мрежи.
Препорачано
Принцот Хари ја изненади јавноста доаѓајќи сам на петтиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс во Сан Антонио, без сопругата Меган Маркл. Сепак, повеќе од самиот натпревар, неговата кратка средба со легендарниот режисер Спајк Ли привлече внимание, што предизвика бројни реакции.
@nypostsportsPrince Harry and Spike Lee talking during Knicks-Spurs Game 5. 🙌
На снимката што ја објави „Пејџ сикс“, принцот Хари се гледа како разговара со луѓето на трибините, по што Спајк Ли му се обраќа. Кога принцот забележал дека режисерот го вика, се свртел и му ја пружил раката.
Меѓутоа, Ли во тој момент веднаш не му возвратил со ракување. Наместо тоа, тој покажал со прст кон Хари, додека војводата несмасно ја ставил раката на стомакот на режисеот. На многумина, тој момент им изгледал како одбивање да се ракуваат, но двајцата набрзо сепак се поздравиле и продолжиле кратко да разговараат.
Пред Хари да си замине, Ли покажал на себе, како да го прашува нешто или да бара потврда, на што принцот возвратил со покажување на прст, а потоа продолжил по својот пат.
За што точно разговарале не е познато, а претставниците на принцот Хари и Спајк Ли не го коментирале настанот.
Некои американски медиуми шпекулираат дека темата на разговорот можеби бил поранешниот таен фејсбук-профил на Хари под името „Спајк Велс“. За овој псевдоним Спајк Ли уште во 2019 година, Ли јавно зборуваше, па дури и го замоли принцот Вилијам да го праша својот брат зошто го избрал токму тоа име.
Подоцна во емисијата „Тудеј“, тој на шега рече: „Го прашав неговиот брат. Кога ќе го дознаам одговорот, ќе ве информирам.“
Според пишувањето на британските медиуми, Хари наводно го измислил прекарот „Спајк Велс“ комбинирајќи го својот долгогодишен прекар и воен псевдоним. На тој профил, тој еднаш споделил фотографии со својата девојка во тоа време, Челси Дејви.
Инаку, за разлика од некои познати гости, принцот Хари не седеше во првите редови до теренот, туку го гледаше натпреварот од осмиот ред.
Меѓу ѕвездите кои привлекоа внимание беа Бен Стилер и Тимоти Шаламе, кои седеа покрај теренот и беа сведоци на историскиот успех на Њујорк Никс, кои ја освоија својата прва НБА титула по 53 години. Актерката Сидни Свини и нејзиниот партнер Скутер Браун исто така беа на натпреварот.


