• обложувалница

Ограбена обложувалница во Центар

Во неделата била ограбена спортска обложувалница во центарот на Скопје. Како што информираат од МВР, во неделата во 20:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Центар, едно лице со закана кон вработената одзело пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.