Институт штанцал дипломи во обложувалница со два душека и со две столчиња
Министерката за образование и наука Весна Јаневска обелодени сериозни неправилности во работењето на дел од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на обложувалница.
Препорачано
Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признаени и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.
„Комисијата на МОН кога направи проверки во еден институт, беше регистриран во кладилница – задниот дел, а своите функции требаше да ги врши на две столчиња и два душеци. Има полесни примери, а ова е најбруталниот. Под називот приватен институт се обавуваат други функции, како примерот со кладилницата. Оттука, не се критериумите нешто што министерот или работната група ги измислиле“, рече министерката.
Таа најави затворање на институти кои не ги исполнуваат основните услови за работа.
Јаневска додаде дека новите законски решенија се базирани на анализи на европските практики и имаат за цел да го подобрат квалитетот на научната дејност.
„Ова се мерки кои се значајни и потребни за да се подобри квалитетот на високообразовната научната дејност. Да, тешко е да се обезбедеат 10 доктори на науки, но со оглед на тоа дека имаше висока продукција на доктори на науки им препорачувам на тие луѓе да си вработат“, истакна таа.
Приватен факултет во Скопје е затворен, му нашле неправилности и не ги поправил


