Фото: Обложувалница/Архива

Стружанки пријавиле грабеж во кладилница, а никој не ги ограбил

Две жени, вработени во обложувалница во Струга, се договориле да украдат пари од прометот, а да пријават дека некој ги ограбил, соопшти полицијата.

Тие ќе одговараат за лажно пријавување кривично дело и за затајување, велат од МВР.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот