Луис Хамилтон/Formula 1

Фантастична трка во Барселона: Хамилтон првпат победи со Ферари и го остави Шумахер зад себе

Луис Хамилтон стигна до својата прва голема победа како возач на Ферари, откако триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија во Формула 1.

За Хамилтон ова беше 106-та победа во кариерата, со што дополнително го зацврсти својот статус како еден од најуспешните возачи во историјата, но исто така стигна и седма на оваа патека во Барселона со што го остави зад себе Михаел Шумахер со кого имаа по шест.

Британецот прв мина низ целта, оставајќи ги зад себе Џорџ Расел и Ландо Норис, кои ги комплетираа местата на победничкиот подиум.

Кими Антонели кој беше во серија од пет победи во низа и лидер во генералниот пласман не ја заврши трката поради проблем со болидот во финишот од трката, а повторно до целта не стигна и Шарл Леклер кој имаше инцидент и претходниот викенд во Монако.

Фото: Formula 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот