Фото: EPA/ADAM DAVIS

НБА: Финалето меѓу Сан Антонио и Њујорк е најгледано во 21 век

Кошаркарите на Њујорк никс се на прагот на нивната прва шампионска титула по 53 години во НБА лигата, па затоа е јасно зошто финалната серија против Сан Антонио спарс привлече големо внимание.

Нилсен спроведе традиционална анкета за телевизиска гледаност во која откри дека третиот натпревар од серијата бил најгледан од финалето Чикаго-Јута во 1998 година, со просек од 23,8 милиони луѓе што го гледале во живо, а во еден момент и 26,3 милиони.

Ако ова продолжи, оваа серија може да ја надмине онаа што ја реши Мајкл Џордан, бидејќи просечниот број на гледачи по натпревар во финалето во 1998 година беше 18,7 милиони, а сега е 19,6.

Никс моментно водат во серијата со 3:1 и имаат шанса да ја освојат титулата уште во сабота навечер ако победат во Сан Антонио.

Доколку Спарси дојдат до нова победа, шестиот меч ќе биде закажан за вторник навечер во Медисон Сквер Гарден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот