Младинците ги почнуваат подготовките за настапот на ЕП Дивизија „Б“
За кратко време по крајот на регуларниот дел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентативна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото.
Препорачано
А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од 10 до 19 јули ќе се одржи во главниот град на Словачка – Братислава.
Согласно со планираното, Велев ќе ги собере 18 кандидати за место во „финалните 12“ на 15 јуни (понеделник), од 12.00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Следуваат вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се бара посакуваната форма за настапите во групата „А“, заедно со селекциите на Ирска, Шведска, Азербејџан, и домаќинот на првенството – селекцијата на Словачка.
По реализацијата на неколку селективни тренинзи, Велев се определи за следните кошаркари за подготвителниот период:
Никола Јаничиќ – САД
Даниел Бутемер – САД
Даријан Димовски – САД
Лука Марјановиќ – САД
Давид Петрушевски – Италија
Сергеј Младеновски – Вардар – Скопје
Матеј Митревски – Вардар – Скопје
Димитар Зетов – Кожув – Гевгелија
Коста Ќириловски – Кожув Гевгелија
Андреј Стојановски – Феникс 2010
Амар Грбовиќ – Феникс 2010 – Скопје
Атанасиј Трајанов – Водно санс
Бојан Димитриев – Водно санс – Скопје
Горазд Митев – Водно санс – Скопје
Марко Луканоски – Маџари – Скопје
Сергеј Петровиќ – Гостивар
Андреј Чадамов – Тиквеш ГИ – Кавадарци
Максим Трајковиќ – Работнички – Скопје


