Следува Ф4 турнирот во Лигата на шампионите: Магдебург во обид да остане на тронот
Ф4 турнирот на машката Лига на шампионите во ракомет се отвора со голема германска пресметка помеѓу Магдебург и Фуксе Берлин денеска од 15.00 часот во Ланксес арената во Келн.
Препорачано
Актуелниот шампион Магдебург бара нов чекор кон одбрана на европската круна, додека Фуксе Берлин сака да се одмазди за минатогодишниот пораз во финалето.
Второто полуфинале го носи дуелот помеѓу Алборг и Барселона од 18.00 часот, судир помеѓу данската велесила и најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето.
Ракометната сезона ќе го достигне својот врв со големото финале на Лигата на шампионите во Келн што ќе се игра в недела од 18.00 часот во борбата за најпрестижниот европски клупски трофеј.
Шпанскиот гигант Барселона моментно има 12 трофеи од ЛШ, за Магдебург ќе биде шести доколку остане на тронот. Фуксе Берлин лани го имаше единственото финале, додека Алборг двапати играше во финалето во 2021 и 2024 година кога двапати загуби од Барселона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
41мин
-
1час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


