ВИДЕО: Итро маче ја украде претставата — се појави на сцената среде трагичниот крај на „Ромео и Јулија“
Публиката во турскиот град Измир беше сведок на необичен момент за време на изведбата на балетот „Ромео и Јулија“, кога едно маче ненадејно се појави на сцената и стана вистинска атракција на вечерта.
Препорачано
Неочекуваниот гостин се појавил за време на завршната сцена од претставата на Империјалниот руски балет, која се одржала на 10 јуни во Измир. Додека Ромео лежел неподвижно на сцената во еден од најемотивните моменти од приказната, мачето љубопитно му се приближило и почнало да си игра со неговата коса.
Публиката со насмевки го следела необичниот настап на четириножниот посетител, додека балетските уметници останале целосно посветени на изведбата и продолжиле да настапуваат без да дозволат мачето да им го наруши ритамот.
Балетот „Ромео и Јулија“, создаден според истоимената трагедија на Вилијам Шекспир, ја раскажува приказната за забранетата љубов меѓу Ромео и Јулија, чии семејства се во долгогодишна непријателска војна. Делото се смета за едно од најзначајните достигнувања на светската литература и балетска уметност.
Во оваа продукција музиката е на Сергеј Прокофјев, кореографијата на Леонид Лавровски, музичката адаптација на Гедиминас Таранда, сценографијата на Евгениј Лисик, а костимите ги потпишува Ана Ипатиева.


