Илустрација - венчавка под вода / Фото: Andrey Nekrasov / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Венчавка под море во Хрватска — младенци го кажаа судбоносното „да“ на дното на Јадранот

Дали некогаш сте помислиле дека можете официјално да се венчате и да го кажете судбоносното „да“ под вода?

Токму тоа го направиле Мелиса и Мартин за време на нивната подводна венчавка во Селцe, Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.

Овој пар живее во Австрија со години, но нивната љубов кон нуркањето е причината зошто веќе петта година по ред го посетуваат Нуркачкиот центар „Михуриќ“ во Селцe преку нивниот австриски нуркачки клуб.

Таму ја запознале својата матичарка, исто така страсна нуркачка. Таа им предложила подводна венчавка, па Мелиса и Мартин веднаш прифатиле.

– Веднаш знаевме дека ќе се венчаме во соодветна облека, јас во венчаница, а Мартин во одело. Јас исто така имав високи потпетици и без никакви проблеми нурнав и седнав на столот пред матичарката, а Мартин го направи истото –  изјавила Мелиса за „Сиб.нет.хр“.

Дваесетминутната подводна венчавка „беше урнебесна“, рекла Мелиса. Заедно со младенците и матичарот, нуркале и некои од гостите, како и членови на нуркачкиот центар.

Говорот на матичарката бил напишан на пластична хартија, како и зборот „да“ на двата јазика – англиски и германски. Покрај столчињата и масата, имало и декоративен цветен лак.

Откако излегле на површина, забавата продолжила во ресторан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот