NRG Stadium/Wikipedia

ФОТО | Закана во Хјустон, натпреварот на Португалија може да биде одложен

Во пресрет на натпреварот меѓу Португалија и Конго утре од 19:00 часот, вниманието во Хјустон не е насочено само кон случувањата на теренот, туку и кон временските услови кои би можеле сериозно да влијаат на одигрувањето на средбата.

Американските метеоролози предупредуваат на доаѓање на силно невреме, кое се очекува да го зафати градот токму во среда, на денот кога е закажан натпреварот. Поради тоа, не е исклучена можноста дуелот да биде одложен доколку временските услови се влошат.

Дополнителна загриженост предизвикува потенцијалниот Тропски циклон Еден, кој се формира во близина на брегот на Тексас. Националниот центар за урагани на САД (NHC) веќе издаде предупредување за обилни врнежи и можни ненадејни поплави во регионот.

Според последните информации, системот се наоѓа на околу 105 километри југозападно од Корпус Кристи и носи ветрови со брзина до 45 километри на час.

Доколку продолжи да се засилува, може да стане првата именувана тропска бура во атлантската сезона за 2026 година и да го добие името Артур, пренесуваат американските медиуми.

Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот