Иран - Нов Зеланд/ EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Турски коментатор направи голем гаф на Мундијалот — ги помеша Иран и Нов Зеланд

Преносите од Светското првенство често носат предизвици за телевизиските коментатори, а тоа најдобро го покажа една необична ситуација за време на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд, кој заврши без победник (2-2).

Во текот на директниот пренос на турската телевизија, коментаторот Екрем Чимен уште на стартот на натпреварот направи несекојдневна грешка. Тој погрешно ги идентификуваше репрезентациите на теренот, уверувајќи ги гледачите дека селекцијата во белите дресови не е Иран.

Забуната траела неколку минути, сè додека режијата не го прикажала најголемото име во иранската репрезентација, Мехди Тареми. Токму тогаш станало јасно дека Иранците настапуваат во бела комбинација на дресови, по што недоразбирањето во коментаторската кабина било расчистено.

Мундијалскиот херој Возиња преку ноќ доби милиони следбеници, а солзите по натпреварот беа за неговата мајка

ВИДЕО | Шкотските навивачи покажаа како се навива и на бејзбол-натпревар

ФОТО | ФИФА направи исклучок по барање на Саудиска Арабија и го промени протоколот со знамињата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот