Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ФОТО | ФИФА направи исклучок по барање на Саудиска Арабија и го промени протоколот со знамињата

Натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Уругвај, кој заврши без победник (1:1), не привлече внимание само поради случувањата на теренот, туку и поради необичната сцена пред почетокот на средбата.

Имено, ФИФА беше принудена да направи промена во стандардниот протокол што се применува пред натпреварите на Светското првенство. Наместо традиционално да бидат распослани на тревникот, националните знамиња на двете селекции беа држени во воздух од страна на редарите за време на официјалната церемонија.

Причината за ваквиот потег било барањето на саудиската делегација, која се повикала на правилото според кое националното знаме на Саудиска Арабија не смее да биде поставено на земја или да ја допира подлогата.

За да избегне различен третман меѓу двете репрезентации, ФИФА одлучила истата практика да се примени и за знамето на Уругвај.

ВИДЕО | Саудијците беа на чекор до подвиг, Уругвај извлече бод во Мајами

ВИДЕО | Уругвајците во САД беа претресувани со кучиња како криминалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот