Сашо Ордановски / фото: 4ТВ / скриншот

Ордановски: Општеството е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во гостување во „Ноќно Студио“ на „4ТВ“ вечерва рече дека македонското општество се соочува со сериозна дезориентираност и пад на довербата во иднината, што според него создава дополнителни проблеми за развојот на демократијата.

Ордановски оцени дека во услови на општествен песимизам тешко може да се очекува нормално функционирање на демократските процеси.

„Македонското општество е прилично дезориентирано, опадната е вербата во иднината, а да градите демократија со песимизам е еден од клучните проблеми“, изјави Ордановски.

Тој посочи дека иако денес изгледа дека сè е достапно и јавно, сепак многу важни процеси остануваат надвор од фокусот на јавноста.

Според него, медиумите во голема мера се насочени кон следење на дневните политички конфликти, што создава повторување на исти теми и помала можност за отворање пошироки општествени прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот