Марија Митева / Фото: Слободен печат / архива

Митева вели дека за Владата „нема мешање во правосудството“ и дека таа „води дипломатија со интегритет“

„Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт“, вели владината портпаролка

Владината портпаролка Марија Митева, која е и член на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“ наведе дека Владата „презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството“.

-Ако процесот забавува, не значи дека правдата нема да ја има. Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт. Покренавме многу чекори кои што се однесуваа на правосудството, покренавме многу постапки, за кои што токму од овие денес кои ќе ви речат ‘ништо не се случува во правосудството’ бевме обвинети дека правиме притисок, дека сакаме некого на сила да разрешуваме, дека ние можеме да ги мешаме прстите во тие делови, вели Митева.

Таа зборуваше и за дипломатијата што ја води Владата, наведувајќи дека смета оти дијалогот е решение за отворените прашања, како оние што ги имаме со Бугарија.

„Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и не со анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници или од наши институции“, рече Митева.

Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската в.д. амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот