Фото: Слободен печат / Жарко Настоски

Најсилното невреме е во северниот дел од државата, пороен дожд и град попладнево во Скопско и во Кумановско

Попладнево има развој на нестабилна облачност која започна најпрво во крајните северозападни и делови од источните предели во земјата, како и во Полошкиот регион. Нестабилноста во моментов продолжува со развој во Скопскиот и Кумановскиот регион каде има појава пороен дожд, засилен ветер појава на грмежи, а наместа и појава на град, соопшти УХМР.

До крајот на денот се очекува локално да продолжи развојот на нестабилната облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа и можна појава на град.

Во текот на ноќта ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град.

Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот