Аргентина/EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Денеска на Мундијалот: светските шампиони тргнуваат против Алжир, Сенегал е сериозен тест за Франција

Возбудувањата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико продолжуваат и денеска, како и во текот на ноќта кон среда, кога на програмата се вкупно четири натпревари од групите И и Ј.

За разлика од претходните денови, љубителите на фудбалот во Европа нема да имаат можност да следат натпревар во раниот вечерен термин. Денешната програма започнува во 21 часот со дуелот меѓу Франција и Сенегал.

Станува збор за една од најинтересните пресметки во првото коло од групната фаза, бидејќи еден од главните фаворити за светската титула ќе се соочи со една од најсилните африкански селекции.

Сенегал во јануари на теренот ја освои титулата африкански шампион, откако во финалето го совлада Мароко. Сепак, неколку месеци подоцна му беше одземена титулата поради напуштање на теренот за време на финалниот натпревар.

Од друга страна, Франција пристигна на Мундијалот како еден од најсериозните кандидати за трофејот, предводена од својот најголем адут Килијан Мбапе и исклучително моќниот напад.

По натпреварот во Њу Џерси, на полноќ ќе се сретнат Ирак и Норвешка.

Репрезентацијата на Ирак се враќа на Светско првенство по цели 40 години, исполнувајќи го сонот на многу навивачи во својата земја. Сепак, фаворитската улога ѝ припаѓа на Норвешка, која со Ерлинг Халанд во составот ќе се обиде со победа да го отвори настапот на турнирот.

Во три часот по полноќ на теренот ќе истрча и актуелниот светски шампион Аргентина. Тимот предводен од Лионел Меси ќе го започне патот кон одбраната на титулата освоена во Катар со дуел против Алжир.

Иако Алжир влегува како аутсајдер во натпреварот, селекцијата предводена од Владимир Петковиќ ќе се надева на изненадување. Дека изненадувања се можни на овој Мундијал веќе покажаа Зеленортските Острови со ремито против Шпанија, Саудиска Арабија со бодот против Уругвај, како и нешто порано кога Австралија ја совлада Турција.

Програмата ќе биде заокружена во шест часот наутро со натпреварот меѓу Австрија и Јордан. Австријците тука важат за големи фаворити против една од најслабите селекции на шампионатот.

16 јуни, 21:00 часот: Франција – Сенегал (група И, Њу Џерси)

17 јуни, 00:00 часот: Ирак – Норвешка (група И, Масачусетс)

17 јуни, 03:00 часот: Аргентина – Алжир (група Ј, Мисури)

17 јуни, 06:00 часот: Австрија – Јордан (група Ј, Сан Франциско)

ФОТО | ФИФА направи исклучок по барање на Саудиска Арабија и го промени протоколот со знамињата

Првиот човек на бразилскиот фудбал ги одвел и сопругата и љубовницата на Мундијалот, и тоа на државна сметка

Еден ирански фудбалер веќе нема право на влез во САД

ФОТО | Марсело Биелса стана хит со фотографијата за ФИФА: Не сум јас манекен

Мундијалскиот херој Возиња преку ноќ доби милиони следбеници, а солзите по натпреварот беа за неговата мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот