Анчелоти им одржа лекција на ѕвездите на Бразил по ремито со Мароко
Карло Анчелоти ги шокираше репрезентативците на Бразил со невообичаен настап на тренингот по ремито со Мароко.
Препорачано
Бразил разочара на стартот од Светското првенство, ремизираше со 1:1 против Мароко, а незадоволството не го сокри селекторот Карло Анчелоти. Иако Италијанецот важи за смирен и сталожен тренер, овојпат, според информации од кампот на Бразил, реагирал многу поостро од вообичаено.
Ден по ремито, Анчелоти на утринскиот тренинг ги собрал играчите и им одржал лекција која долго ќе ја паметат. Во целосна тишина запалил цигара и неколку минути со молчење ги набљудувал репрезентативците.
Потоа следела порака што ја шокирала целата екипа.
„Сега научете како да додадете проклета топка!“ – наводно извикал Анчелоти. Играчите останале без реакција, а нивните изрази на лицата покажале колку се свесни за сопствениот неуспех.
Причината за неговиот гнев била очигледна, грешните додавања и слабата организација на играта против Мароко. Бразил делуваше неповрзано и без јасна идеја, а избегнаа пораз главно благодарение на индивидуалниот квалитет на Винисиус Жуниор.
Бразил сега го очекува натпреварот против Хаити на 20 јуни, а останува да се види дали острата порака на селекторот ќе ги разбуди фаворитите за титулата.


