Сладолед од ванила/Фото: Oliver Hoffmann / Alamy / Profimedia

Рецепт за највкусниот домашен сладолед од ванила без јајца

Дали има подобар десерт и освежување од убав кремаст сладолед? Задоволството е уште поголемо ако сами го направите сладоледот бидејќи тогаш знаете што јадете, а можете да ги комбинирате состојките и вкусовите токму онака како што ви се допаѓа. Многумина не се ни свесни дека правењето домашен сладолед е многу едноставно, а крајниот резултат е бесценет.

Освен тоа, ќе се засладите без да се грижите за калориите и за вашата фигура.

Рецептот за сладолед без јајца е еден од најбараните рецепти, а нашата препорака е овој супер едноставен сладолед од ванила.

Состојки

– 250 мл кондензирано млеко
– 500 мл слатка павлака (ладена)
– 1 стапче бурбон ванила

Подготовка:

Направете слатка павлака со миксер.

Исечете го стапчето ванила на половина со остар нож, изгребете ги семките и додајте ги во слатката павлака.

Постепено додавајте го кондензираното млеко, па сè нежно мешајте со шпатула.

Добиената смеса сипете ја во нов сад, покријте со пластична фолија и ставете го во замрзнувач.

Во сладоледот можете са уживате само откако ќе биде целосно замрзнат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот