Кејн: Сакаме да им покажеме на сите дека можеме да го освоиме Мундијалот
Денеска во рамките од групата Л во рамките од првото коло на Светското фудбалско првенство се игра дербито од 22.00 часот во Арлингтон, Тексас, помеѓу репрезентациите на Англија и Хрватска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Капитенот на Англичаните, Хари Кејн имаше одлична сезона, постигнувајќи 61 гол во 51 настап за Баерн во сите натпреварувања.
– Од лична перспектива, ја имав мојата најдобра сезона во однос на головите. Физички и психички сум добро, сезоната беше добра, го освоивме првенството и купот. Во одлична форма сум, верувам дека имаме добар тим и сакаме да им покажеме на сите дека можеме да го освоиме Мундијалот. Имаме одлична рамнотежа во тимот, комбинација од искуство и младост. Искуството ќе биде наша сила, но имаме и одлични млади играчи – рече Кејн.
Кејн беше еден од играчите кои играа во Русија во полуфиналето на Светското првенство, во кое Хрватска победи по продолженија.
– Помина доста време, сега сме многу поискусни. Натпреварот со Хрватска ќе биде тежок, тие имаат добро организирани играчи кои се добро подготвени. Тешко е физички и технички да ја победите Хрватска. Сите мора да го правиме она што го знаеме на теренот. Имаме притисок од навивачите, медиумите, но, она што го видов на подготовките, играме на високо ниво – се зборовите на Кејн.
Англиската прес-конференција не можеше да помине без прашање за Лука Модриќ. Кејн и Модриќ беа членови на лондонски Тотенхем:
– Лука е одлична личност, бевме соиграчи, тој е врвен професионалец, тој е инспирација за сите играчи. Секоја чест – кажа Кејн.
Англија само еднаш во историјата ја освои светската титула, на домашен терен во 1966 година.


