Домати / Фото: Pexels / asphotograpy

Каде и како да ги чувате доматите за да траат долго, без да го изгубат вкусот?

Правилното складирање на доматите е клучно за зачувување на нивната свежина, но најдобриот начин зависи од тоа дали се цели, исечени или веќе презреани. Иако многумина веруваат дека вкусот може да се подобри по бербата, земјоделците истакнуваат дека квалитетот на вкусот најмногу се одредува додека плодот е сè уште на растението. Начинот на складирање може само да го забави пропаѓањето и да ја зачува постоечката арома и текстура, пишува „Симпли ресипис“.

Како да се складираат доматите

Целите домати најдобро се чуваат на кујнскиот пулт, додека исечените домати припаѓаат во фрижидер.

„Откако ќе се набере доматот, неговата арома е речиси дефинирана. Комплексниот развој на вкусната рамнотежа на киселини, шеќери и ароматични соединенија се одвива на самото растение. По бербата, ниеден метод на складирање не може да го подобри вкусот на доматите, но со правилно ракување можеме да ја забавиме дехидрацијата и расипувањето, како и да го зачуваме вкусот и текстурата какви што биле во моментот на бербата“, објаснила Александра Казакс, доктор на науки од Институтот за прехранбени технолози.

Со тоа се согласува и Дерек Азеведо, потпретседател на земјоделската компанија.

„Начинот на складирање не е пресуден сè додека температурата во вашиот дом е 22 степени или пониска. На кујнскиот пулт би требало да се држат сосема добро“, рекол Азеведо. Но, додава тој, откако ќе ги исечете, мора да ги ставите во фрижидер.

Ладењето е исто така опција ако забележите дека доматите стануваат презреани, а нема да можете да ги јадете на врвот на свежината. Во тој случај, пред да ги јадете оставете ги да достигнат собна температура. Трајноста на доматите зависи од сортата.

„Многу наследни сорти траат само неколку дена, додека некои сорти за преработка или доматите Рома можат да издржат 12 до 14 дена или повеќе“, истакнува Азеведо.

Трикот со свртување наопаку

Некои строго се држат во методот на складирање на доматите со петелката надолу за да се спречи губењето на влагата. Но, тоа има смисла само ако петелката е веќе отстранета, што е чест случај со доматите купени од продавница.

„Отстранувањето на петелката, всушност, може да го наруши вкусот и свежината. Лузната од петелката, односно местото на кое што било прицврстено, е слабо и порозно подрачје низ кое можат да влезат воздух, влага и микроорганизми, што го забрзува расипувањето“, вели Казакс.

Ако од доматите веќе е отстранета петелката, нивното складирање со лузната надолу може да го забави губењето на влага.

„Ова може да им помогне да останат свежи подолго, што значи дека доматот ќе има подобар вкус во споредба со оној што се расипува побрзо“, напоменува Казакс.

Истражувањата покажуваат дека доматите складирани на овој начин губат само еден до два отсто од тежината во текот на три дена, за разлика од седум отсто кај оние свртени нагоре.

„Чувањето на доматите со петелката свртена надолу помага да се забави расипувањето и да се намали губењето на влага. Меѓутоа, не може да го подобри лошиот вкус – ако доматот е безвкусен од самиот почеток, ниедна техника на складирање нема да го промени тоа“, заклучува тој.

Необичен совет за крајот на сезоната

Една од најинтересните техники на складирање ја користи таткото на Дерек Азеведо. Тој ги бере доматите од својата градина свежи во текот на целата сезона, а наесен применува посебен трик.

„Кога ќе дојде есента и растенијата ќе почнат да забавуваат растот, или кога се заканува мраз, тој ги отсекува стебленцата при тлото и ги закачува наопаку во својата штала. Шталата останува ладна и темна, а доматите имаат доволно проток на воздух додека висат“, вели Азеведо.

Во тој момент, растенијата не произведуваат многу етилен, гасот што го поттикнува дозревањето, но процесот продолжува.

„Зелените домати ќе продолжат да зреат и ќе имаат одличен вкус. Сум видел дека доматите на овој начин се чуваат со недели, дури и со месеци, без да се расипат!“, вели Азеведо.

Дали јадете краставица и домат заедно во салата? Еве што може да му се случи на организмот

Ако го забележите ова на доматот, тоа значи дека е полн со пестициди и е отровен

Доматите ви се безвкусни? Едноставен трик ќе ги претвори во вистински дeликатес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот