„Гугл ерт“ симуларот за летање / Фото: X / Google Earth

Бесплатен лет над целиот свет? „Гугл ерт“ сега го овозможува тоа

Доколку сакате поинакво искуство на интернет, „Гугл“ ви овозможува бесплатен лет над целиот свет со својата нова апликација за симулатор на летање.

По 18 години достапност само во десктоп-апликацијата, симулаторот за летање на „Гугл ерт“ пристигна и во веб-верзијата, овозможувајќи виртуелни летови директно од прелистувачот, без разлика дали е тоа, на пример,  „Гугл хром“ или „Сафари“.

„Гугл“ првпат почна да нуди симулатор на летање како скриена функција во својот софтвер на „Гугл ерт“ во 2007 година. Но, таа верзија бараше преземање на софтверот. Овој експериментален симулатор е бесплатен за употреба со глувчето и тастатурата.

Компанијата го објави вклучувањето на симулаторот на летање „само за забава“, заедно со многу други функции додадени на веб-верзијата на „Гугл ерт“ од професионалното десктоп издание, соопшти „Гугл“ во објава на платформата за социјални медиуми Икс.

За да ја испробате оваа функција, одете на веб-страницата на „Гугл ерт“ (Google Earth ) и кликнете „експлор“ (Explore). Потоа, кликнете „тулс“ (Tools) и изберете „флајт симулејтор“ (Flight Simulator).

Ги користите копчињата со стрелки нагоре, надолу, лево и десно на тастатурата за маневрирање. Исто така, постои и вертикален мерач на кој можете да кликнете за да забрзате или забавите.

За повеќе информации, видете ја информативната страница на „Гугл“ за програмата за симулатор на летови.

Новата можност претставува уште еден чекор во развојот на веб-апликациите, покажувајќи дека современите прелистувачи денес можат да извршуваат задачи кои до неодамна беа резервирани исклучиво за посебни десктоп програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот