Слушалки илустрација - Фото: Рexels-harveyvillarino

Во Русија се развиени првите слушалки со шифрирана комуникација

Руската компанија „Тримикс“ развила слушалки „Петар“ наменети за воен персонал, кои за разлика од слични уреди достапни во светот овозможуваат создавање безбедна комуникациска мрежа, пренесува „Тас“. Како што е наведено, овие слушалки истовремено ги засилуваат звуците од потенцијални закани, како што се мотори на дронови.

Директорот за развој на компанијата, Сергеј Шандобило, изјави:

„Развивме целосно запечатени слушалки, при што сите печатени плочки се заштитени од влага. Имплементиравме интерфон, кој овозможува комуникација меѓу групи без употреба на радиоуреди.“

Тој додаде дека успеале да развијат стабилен интерфон со домет до 30 метри, а во идеални услови и до 200 метри.

„За разлика од сите други слични системи во светот, нашиот користи енкрипција, што ни овозможува побезбедно извршување на мисиите без истекување на информации кон непријателот“, изјави Шандобило на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот