Од лево кон десно: коосновачот и извршен директор на „Кумо АИ“, Вања Јосифовски, коосновачката и раководителка на инженерскиот тим Хема Рагаван и коосновачот и главен научник Јуре Лесковец / Фото: Kumo AI

Гигантот „Енвидија“ купи стартап со вештачка интелигенција основан од Македонец

Американскиот технолошки гигант „Енвидија“ („Nvidia“) го купи стартапот „Кумо“ кој развива фундаментални модели на вештачка интелигенција дизајнирани да прават точни деловни предвидувања, објави „Форчн“ повикувајќи се на од два извори запознаени со договорот.

Тројцата коосновачи на „Кумо“, Вања Јосифовски, Хема Рагаван и Јуре Лесковец, веќе ѝ се приклучиле на „Нвидија“ минатиот месец, велат изворите.

Финансиските услови на договорот не се откриени, но се шпекулира дека зделката е тешка околу 400 милиони евра. „Енвидија“, која во последниве години купи голем број стартапи за вештачка интелигенција, не го коментира извештајот.

Модели на стартапот со седиште во Маунтин Вју, Калифорнија, ги користеле компании, вклучувајќи ја апликацијата за достава на храна „Дордеш“, „Редит“ и британскиот синџир намирници „Сејзнберис“.

„Со основниот модел, го насочувате кон вашите податоци, дефинирате што подразбирате под одлив, а секунда подоцна имате предвидување“, изјави лани Словенецот Јуре Лесковец, компјутерски научник од универзитетот Стенфорд и еден од коосновачите на компанијата.

„Опен АИ“ тврди дека решил математички проблем стар 80 години: „Историски момент за вештачката интелигенција“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот