Дронови на саемот „Компјутекс Тајпеј“ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ aljazeeraenglish

ВИДЕО | Спектакл на небото над Тајпеј — дронови создадоа робот, автомобил и планетата Земја

Ноќното небо над Тајпеј беше осветлено со спектакуларно светлосно шоу на дронови, кое привлече внимание кај жителите и туристите што престојуваа во градот. Импресивниот настан беше организиран по повод саемот „Компјутекс Тајпеј“, една од најголемите технолошки изложби во Азија, која секоја година ги собира водечките компании и иноватори од светот на технологијата, пренесува „Алџезира“.

Снимките од настанот покажуваат стотици дронови кои со прецизна координација создаваат фигури на огромен робот, автомобил и планетата Земја, претворајќи го ноќното небо во вистинско платно за светлосна уметност.

Посебен впечаток остави и прочуениот облакодер „Тајпеј 101“, кој како позадина на шоуто дополнително ја нагласи футуристичката атмосфера и ги воодушеви посетителите.

„Компјутекс“ е познат како место каде што се претставуваат најновите достигнувања во областа на вештачката интелигенција, компјутерската технологија, роботиката и другите современи иновации, а и годинава саемот ги оправда очекувањата на посетителите.

Саемот „Компјутекс Тајпеј“ – Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Присутните имаа можност одблиску да ги видат најновите прототипови, интерактивни демонстрации и технолошки решенија кои се очекува да ја обликуваат иднината.

Според организаторите, овогодишното издание на саемот привлекло рекорден број учесници, со повеќе од 6.000 компании од секторите на вештачката интелигенција, компјутерската технологија, роботиката и другите технологии од новата генерација, со што уште еднаш е потврден статусот на „Компјутекс“ како еден од најзначајните технолошки настани во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот