На денешен ден – 16 јуни: Починал Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија
1779.- Шпанија ѝ објавила војна на Велика Британија и ја започнала опсадата на полуостровот Гибралтар.
Препорачано
1826.- Турскиот султан Махмуд Втори по буната на јаничарите го укинал јаничарскиот корпус и вовел едовна војска. Институцијата јаничари била воспоставена во четиринаесетти, во времето на султанот Орхан. Во јаничарскиот корпус биле регрутирани христијански момчиња преку системот девширме, кои биле преобраќани во ислам и обучувани како елитна воена единица. Подоцна во корпусот почнале да се примаат и муслимани, а системот на регрутација на христијански деца постепено бил напуштен. Со слабеењето на Отоманската Империја, јаничарите сè почесто предизвикувале немири и се мешале во политичкиот живот, поради што султанот Махмуд Втори во 1826 година целосно го укинал јаничарскиот корпус.
1858.- Роден е шведскиот крал Густав Петти, кој владеел од 1907 па сè до смртта во 1950 година. За време на неговото владеење Шведска останала неутрална во двете светски војни.
1890.- Роден е англискиот филмски актер Артур Стенли Џеферсон, познат како Стен Лорел, еден од двајцата актери од познатиот тандем (со Оливер Харди). Филмските продуценти и денеска прибираат профит од нивните филмови, а двајцата актери завршиле во сиромаштија. Филмови: „Музичка кутија“, „Наши односи“, „На дивиот запад“, „Двајца добри другари“, „Ние од Оксфорд“, „Голема работа“, „Наша жена“.
1977.- Претседателот на САД Џими Картер и панамскиот водач Омар Торихос потпишале договор со кој било предвидено Панамскиот канал да ѝ биде предаден на Панама на 31 декември 1999 година.
1977.- Умрел германскиот ракетен инженер Вернер фон Браун, конструктор на нацистичките ракетни проектили „Фау-1“ и „Фау-2“, со кои во Втората светска војна била бомбардирана Британија. По војната емигрирал во САД, каде раководел со производство на ракетните проектили „Редстоун“ и „Јупитер Ц“, со кои во 1958 година бил лансиран првиот американски вештачки сателит „Експлорер-1“.
1993.- Во Скопје умрел Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој бил еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат бил по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес и Мексико Сити. Автор бил на повеќе мозаици. Роден бил во Прилеп, на 22 октомври 1917 година.
2001.- Во Сремска Митровица, СР Југославија, се одржал Светскиот куп на ракетно моделарство. Членот на Аероклубот од Штип, Лазар Андонов, го освоил првото место. За овој и за другите успеси во текот на годината, Светската воздухопловна федерација, со седиште во Париз, го прогласила Андонов за најдобар моделар на светот за 2001 година.


