Мигрант „изгребал“ половина милион евра на лотарија во Италија
Нигериецот Имагбе Ехизомвенги, кој освоил 500.000 евра на инстант-лотарија во Италија, конечно добил дозвола за престој откако му било спречено да ја подигне наградата поради неговиот нерегулиран имиграциски статус.
Препорачано
Во својата изјава за „Гардијан“, Имагбе истакна дека имал проблеми со својот имиграциски статус во Италија веќе десет години.
– Се молам за овој момент откако пристигнав во Италија. Тоа е огромно олеснување. Добивањето дозвола за мене значи повеќе од освојувањето пари. Сакам да работам и да придонесувам во општеството – рекол тој.

Нигериецот го купил инстант-лозот за пет евра со парите што ги заработил продавајќи марамчиња пред супермаркет. Откако сфатил дека добил награда, почнал да плаче од радост. Бидејќи немал документи, парите не му биле достапни, а дури ни банкарска сметка немал. Сето ова создало многу правни проблеми, без можност да располага со добивката. Неговото барање за „посебна заштита“ исто така било одбиено.
Судот во Анкона донел одлука со која му доделил дозвола за престој во Италија, што му овозможило да го реши својот статус и да пристапи до добивката. Според италијанските медиуми, дел од парите во меѓувреме му биле доверени на познаник, што довело до спорови околу управувањето со средствата, а дел од сумата подоцна била префрлена на членовите на неговото семејство.
Инстан-лозовите „Изгреби и победи“ се исклучително популарни во Италија. Во 2019 година, невработен рибар во Апулија пронашол добитен лоз од 100.000 евра во корпа за отпадоци и успеал да ги земе парите, додека во 2022 година, млад човек во северна Италија освоил 500.000 евра и се онесвестил на самото место поради шок.


